banner
banner

Remote работење

Историски гледано, физичките работни простори ни овозможуваат повеќекратни предности, од обликување на организациската структура на компанијата до подобрување на културата на бизнисот. Ги поттикнуваат тим билдинг активностите, ја олеснуваат интеракцијата и врските меѓу вработените и го зајакнуваат професионалниот развој преку моделирање на улоги на лице место.

Во денешно време, придобивките од физичкиот канцелариски простор повторно се разгледуваат низ индустриите. Сега сме во време кога работната средина не е само физички простор окупиран од вработените во текот на работното време. Денешното работно место е средина што им обезбедува пристап на вработените до сè што им е потребно. Пред неколку години, далечинската работа им беше дадена на вработените како поттик или дел од културата на компанијата, дозволувајќи му на работникот неколку дена во месецот да работи од дома. Денес овој тренд е во пораст и е целосно забрзан поради пандемијата со Ковид-19, каде што далечинското работење го замени стандардното работно време.

Бидејќи прашањето како и кога ќе се вратиме во физичките работни простори доминира на социјални мрежи како LinkedIn, вреди да застанеме за момент и да размислиме дали можеме да ја искористиме оваа можност не само да се вратиме на она што го имавме, туку наместо тоа да создадеме нешто подобро.

Проф.д-р. Ник ван дер Меулен од Ротердамската Школа за менаџмент, при Универзитетот Еразмус, откри дека „речиси сите организации со високи перформанси ја сметаат работата од далечина за важна практика и таа се рангира меѓу врвните практики на дигитални работни места кои се во корелација со натпросечните организациски перформанси. Тој, исто така, рече дека „менаџерите ќе треба да ја третираат далечинската работа како стратешко средство, наместо како привилегија или договор ограничен на одреден број вработени“.

Несомнено, дебатата останува и прашањето заслужува опширно научно истражување за подетално разгледување и оценување на предностите и недостатоците на физичките работни простори и работа на далечина.

Без разлика дали се обидувате да ги оптимизирате перформансите на вашите работници од далечина, или претпочитате да ја подобрите тимската соработка на лице место, Тафома ви дава максимална флексибилност. Тафома како софтвер базиран на облак, игра клучна улога во создавањето беспрекорна комуникација и беспрекорно, висококвалитетно искуство за соработка преку глас, видео и пораки, без оглед на локацијата.