banner
banner

4 причини зошто вашиот тим ќе сака да ја користи Тафома

Веќе знаете дека ефективната соработка е клучот за успехот на вашиот тим. Но, дали знаевте дека просечниот работник троши повеќе од 50% од својот ден на „работа за работа“?

Под „работа за работа“ подразбираме сè, проверка и одговарање на е-меил, одговарање на внатрешни пораки, лоцирање на документи и нивно споделување, следење на напредокот на проектите итн. Овие едноставни активности нè забавуваат, ни одземаат време и ни го одземаат фокус од важните работа.

Ова е моментот кога алатка за тимска соработка како Tафома настапува.

Еве четири причини како Tафома може да ви помогне да го извлечете максимумот од вашиот тим и организацијата:

  1. Следете го завршувањето на задачите
  2. Следете ги проектите на едно место
  3. Бидете во тек
  4. Никогаш не губете важни датотеки

1. Следете го завршувањето на задачите

Имајте јасен преглед на тоа дали вашите задачи се навреме и на што работат другите членови. Ова може да ви помогне вам и на вашиот тим да бидете поорганизирани. Ако видите еден член од тимот има премногу задачи, можете лесно да делегирате задача на колега кој има повеќе време во неговиот или нејзиниот распоред.

2. Следете ги проектите на едно место

Имајте преглед на ажурирањата на вашиот проект, разговорите и датотеките во една апликација. Со ова ќе имате сè на едно место, ќе знаете каде да барате и нема да изгубите драгоцено време при пребарување и менување на повеќе апликациите. Како што рековме на почетокот, ова ќе им помогне на сите да бидат поконцентрирани.

3. Бидете во тек

Графиконите ќе ви помогнат со деталениот преглед на проектот и напредокот на вашиот тим. Со помош на графиконот ќе можете да го следите процентот до кој е сработена секоја задача и ќе можете да разменувате задачи, или да ги преместувате наоколу доколку е потребно. На овој начин ќе знаете точно како оди напредокот на вашиот проект и нема да мора да го прашувате секој член на тимот поединечно на што работи. Ова на сите ќе им заштеди драгоцено време и ќе остави простор за попрецизно планирање.

4. Никогаш не губете важни датотеки

Датотеките се губат, документите се преименуваат... Со користење на нашиот облак ќе ги имате сите ваши датотеки на едно место и ќе можете да им пристапите од било каде, во секое време. Можете исто така да ги прикачите на одредена задача и да ги споделите со целиот тим.

Подготвени сте вртоглаво да  ја зголемите продуктивноста на вашиот тим со апликација богата со функции како Тафома? Пробајте ја Тафома.

Popular Posts