banner
banner

Бидете поорганизирани со Tafoma Workspace

Кога ќе пребарувате на Google „како да бидете поорганизирани на работа“, се појавуваат работи како користење бои и етикети, инспиративни потсетници, расчистување и организирање на вашата работна површина.

Но сега, кога вашиот работен простор стана дигитален, како ќе го направите тоа?

Започнете со користење на апликација богата со функции која е направена со единствена цел, да ви помогне вам и на вашиот тим да бидете попродуктивни, која го ,,слуша‘‘ Google и ги има вградено сите работи наведени погоре. Откако ќе се најавите на Tafoma, вие сте на вашата контролна табла. Овде, на левата страна, ги имате информациите за времето и квалитетот на воздухот, инспиративен совет за убав почеток на денот и информации за претстојните состаноци (доколку имате).

Потоа ги имате сите ваши известувања и потсетници и можете да ја следите последната активност на проектите и задачите во кои што сте вклучени. Ова ви помага да имате јасен преглед на активноста што можеби сте ја пропуштиле.

Сега е време да ги погледнете задачите за тековниот ден. Откако ќе кликнете на табот Tasks во менито, ќе ги видите вашите задачи, задачите што ги следите и задачите што ви се доделени. Како што поминува денот, секогаш можете да се вратите овде и да видите колку задачи сте завршиле и колку задоцнети задачи ви остануваат. Можете исто така да го следите вкупното време на работа, што може да ви даде увид во вашата ефикасност. На овој начин можете да видите каде заглавувате и да ја зголемите вашата продуктивност.

<img src="https://i.ibb.co/MDNmJQ2/Screen-Shot-2020-12-16-at-11-21-46-AM.png" alt="">

Продолжуваме кон поголеми работи, ги имаме Проектите во кои сте вклучени. Добрата работа за овој таб е што ви дава можност да ја погледнете пошироката слика. Да го видите напредокот на сите други и да имате увид во прогресот на проектот, дали сите ги завршуваат своите задачи, како тоа влијае на текот на проектот итн.

Наместо да читате статија каде што го разложуваме секое табче во апликацијата, еве подобра понуда: не мора да читате текстови со часови, бидејќи да, направивме апликација толку многу богата со функции.

Регистрирајте се сега, пробајте ја апликацијата и организирајте се. 🙂

Popular Posts