Како до подобро управување со проекти
Управувањето со проекти се развива со текот на времето. Со бројните алатки, технологии, апликации и рамки кои го обликуваат управувањето со проекти во современиот свет, важно е да се остане во тек.
Менаџерите на проекти треба постојано да учат нови техники и најдобри практики, за да ги оптимизираат нивните работни процеси и проектни циклуси.
Многу лидери на тимови, без оглед на нивните индустрии, имплементираат традиционални или водопадни методологии во нивниот бизнис и стратегии за управување со проекти. Тие развиваат јасен план кој треба да го одведе тимот до одредена дестинација. Проблемот со овој метод е што му недостига флексибилност. Не остава простор за грешка, бидејќи членовите на тимот не можат да се вратат на претходниот чекор откако ќе напредуваат понатаму во процесот.
Ако, како компанија користите агилна рамка за управување со проекти, тогаш транспарентноста на вашиот работен тек е најважна. Тоа им овозможува на членовите од вашиот тим да дискутираат за напредокот, да планираат прилагодувања доколку е потребно и да даваат повратни информации.
Преку оваа рамка, внатрешните односи стануваат многу блиски и се засноваат на доверба. Уште од првата сесија, членовите од тимот тесно соработуваат кон заедничка цел. Тие, едни со други се потпираат на вештините и знаењето, за да ги подобрат своите лични практики. За возврат, ова му дава можност на сопственикот на бизнисот да биде вклучен во развојот, како дел од тим. Тие може да понудат прогресивни предлози во однос на приоретизирање на функциите, ажурирања или работење на нови функции.
Без оглед на тоа која методологија го одредува управувањето со вашите проекти - работата треба да се организира во приоритетни проекти и задачи. Тафома како софтвер за беспрекорна тимска соработка и управување со проекти нуди максимална флексибилност развивајќи вкрстено функционален тим кој се организира себеси.