banner
banner

Кој стои позади Tafoma: Запознајте го тимот

Tafoma е резултат на работата на тим од технолошки ентузијасти, со над 30 години искуство во работата со технологија. Тимот кој е апсолутно опседнат со изнаоѓање начини како да биде попродуктивен, создаде сосема нов софтвер за тимска соработка и продуктивност.

Бидејќи ние самите сме корисници на Tafoma, сакаме да работиме на функционалности, кои можеме максимално да ги искористиме во нашите секојдневни работни задачи и можат да ни помогнат нам, а и вам – корисниците, подобро да соработуваме. Фактот дека можеме да влијаеме на вашата тимска соработка и да ви помогнеме да ја зголемите продуктивноста во вашата организација е она што не одржува мотивирани.

Помагањето на тимовите да соработуваат подобро и полесно е наша основа од самиот почеток. Секогаш се трудиме да ги ислушаме и да ги идентификуваме вашите потреби и да развиеме нови функционалности.

Нашиот ентузијазам да ја направиме оваа апликација најдобра апликација за нашите корисници, понекогаш претставува предизвик. Обидувајќи се да ги направите сите работи одеднаш, без да направите чекор назад за да видите што сте постигнале, може негативно да влијае како врз апликацијата, така и врз целиот тим.

Токму затоа имаме одделни периоди во годината, каде што се трудиме да се фокусираме на развој на нови функционалности. Во оваа фаза тестираме, пробуваме и истражуваме.

Но, тоа не значи дека забораваме на постоечките функционалности што вие веќе ги обожавате. Откако ќе ги имплементираме новите функционалности, преминуваме во фаза каде што нашиот главен фокус е менаџирањето и подобрувањето на постоечките.

Ова всушност значи дека секогаш сме фокусирани на тоа да ја направиме Tafoma подобра, а со тоа што ја подобруваме Tafoma, ја подобруваме тимската соработка. Знаејќи дека имаме позитивно влијание врз вашата тимска соработка, ја прави сета напорна работа исплатлива.

Popular Posts