banner
banner

Ви ја претставуваме функцијата видео на Тафома

Во ерата на видео повици и видео состаноци, ви нудиме внатрешно дизајнирана функција за видео повици што докажува дека Tafoma е најобемниот софтвер за бизнис и менаџирање со проекти.

Zoom, Teams, Meet… и што уште не! Секој клиент, секоја организација има омилена видео платформа што ја користи, но честопати се наоѓате себеси како се префрлате од една на друга апликација. Оваа практика за возврат може да одземе доста време и е прилично скапа.

Tafoma видео ви овозможува конференциски повици преку апликацијата што веќе ја користите за секојдневни задачи и секојдневна комуникација, без потреба да интегрирате софтвер од трета страна. Наместо да се мачите да организирате состанок, сега можете да закажувате повици со само неколку кликања.

Во горниот десен агол на апликацијата, можете да кликнете на копчето ,,Состанок‘‘ и да изберете дали сакате веднаш да започнете повик, да се вклучите во повикот со внесување на ID на состанокот, или да закажете повик во време кое што ви одговара и да ги поканите сите кои што треба да учествуваат.

Со користење на Tafoma видео можете да уживате во сите придобивки од видео софтвер на едно место. Споделување екран, допишување, исклучување на звукот на сите кога тоа е потребно итн. Важно е дека безбедноста е наш приоритет број еден, така што можете да бидете сигурни дека вашите повици ќе останат приватни.

Popular Posts