Топ три совети за продуктивност што ги научивме во 2020 година
Без сомнение, сите можеме да се согласиме дека минатата година беше година на предизвик за бизнисите и продуктивноста. Без разлика дали требаше да се приспособите на работата од дома или требаше да се справувате работејќи од канцеларија, навикнувањето на „новото нормално“ не беше лесна задача.
Кога гледавме наназад на 2020 година и размислуваме како можеме да ја направиме 2021 година подобра, првото нешто што ни падна на ум беше да ја зголемиме нашата продуктивност и ефикасност, како поединци и како тим.
Еве неколку совети кои ни помогнаа нам, а се надеваме дека ќе ви бидат исто толку корисни и вам.
Прво, бидете реални
Поставувањето реални цели за себе е многу важно. Ова е особено важно за сите вас кои ги завршувате задачите предвреме. Реалистично погледнете ги вашите задачи и распоред. Запишете ги, поставете приоритет и оставете нешто за следниот ден. На тој начин на крајот од денот ќе се чувствувате ослободени од стрес, поисполнети и ќе бидете помотивирани да се справите со вашите задачи штом ќе ги видите во колоната ,,ЗАВРШЕНО‘‘.
Водете фокусиран разговор
Во денешно време праќањето на е-mail се заменува со видео повици. Знаеме дека понекогаш состаноците можат да бидат досадни и целосно да го сменат вашиот фокус. За вашиот следен повик поставете јасна агенда, тоа ќе внесе енергија, јасност и ќе биде водич за сите кои се вклучени во повикот. Она што е најважное да се обидете да ги прескокнете неважните разговори и директно да преминете на главното. Сето ова ќе ви заштеди време и ќе ви го насочи фокусот кон важните работи кои што треба да ги направите.
Користете софтвер за тимска соработка, кој е богат со функции и не е интегриран
Користењето на повеќе апликации и платформи за комуникација и управување со проекти, може да ви го одвлекува вниманието и може да предизвика губење на важни датотеки. Ова може да биде вистински убиец на продуктивноста/значително да ја намали продуктивноста. Она што ви треба е една софтверска платформа која ги има сите карактеристики што ви се потребни. Апликација богата со функции, неинтегративна, како Tafoma.
Тafoma како обемна алатка за тимска соработка и управување со проекти нуди многу функции што ја олеснуваат тимската соработка. Со само една апликација добивате јасен преглед на проектите и задачите на вашиот тим. Можете да разговарате или да ја користите опцијата за видео повик, нашиот внатрешно дизајниран Office, Drive за складирање датотеки, функцијата Календар за следење на роковите и состаноците и многу повеќе.