banner
banner

Како да ja користите Тафома како календар за вашиот тим

  • Календарите се корисен начин за следење на претстојните рокови, проекти и помош во вашата севкупна, секојдневна организација. Според Cambridge Dictionary, терминот календар може да се дефинира како „список на настани и датуми во дадена година, кои се важни за една организација или за луѓето вклучени во одредена активност“.

Користењето на календарите датира од многу одамна. Со векови им овозможува на луѓето да ги следат годишните времиња, да планираат одредени активности и да бидат подобри во организирање на своето време. А брзото темпо на времето во кое живееме веројатно ја направи употребата на календари, како приватни така и календари на компании, поважна од кога било.

Како може заедничкиот календар на вашиот тим да помогне во вашата тимска соработка?

Користењето календар за вас и вашиот тим може да обезбеди преглед на задачите, подобар увид во одговорностите на членовите од вашиот тим, како и целокупната агенда. Прегледот на целосниот план на задачи и настани, за себе и за другите може да му помогне на вашиот тим подобро да соработува. А за ова, потребна ви е добра апликација.

Користење на Тафома како календар за вашиот тим

Креирањето настан во Тафома е многу едноставно. Можете да додадете наслов и опис, почетен и краен датум, да поставувате потсетници и да прикачувате соодветни датотеки за тој конкретен настан.

Кога треба да вклучите членови од други тимови во тој настан, поканите не се ограничени само на членовите од вашиот тим. Она што е дополнителна предност овде, е тоа што можете да додадете и надворешни учесници кои можеби ќе ви требаат.

Можете да додавате потсетници во вашите лични работни простори или да ги споделите со некој што можеби ќе треба да ги види. Тоа значи дека не ви требаат повеќе апликации за календар каде што се губат важни настани и потсетници, а ние не сакаме да одите наоколу заборавајќи важни датуми и годишнини 🙂

Како да извлечете максимум од оваа функција

Еве неколку предлози за календари што вие и вашиот тим можете да ги користите за да ја подобрите тимската соработка и ефикасност:

  • **Календар за потенцијални клиенти **-- следете ги вашите потенцијални клиенти со закажување состаноци со нив и затворање датуми
  • **Календар за маркетинг на содржина **-- толку многу платформи, толку малку време. Не заборавајте ниту една од нив со детален календар за содржини за вашиот маркетинг тим
  • **Временска рамка за лансирање на производ **-- едно лансирање на проект има толку многу фази и рокови што секој член треба да биде подготвен во било кој даден момент
  • Лични цели -- важно е да ги следите вашите лични цели и да се наградите по добро завршената работа. Сето ова нè носи до следниот календар;
  • Празници** -- заслужениот одмор е нешто што треба да си го давате одвреме-навреме. Следењето на плановите за одмор на сите членови, ќе ви помогне вам и на вашиот тим да ги планирате вашите задачи подобро и навремено.

Значи, без разлика дали сакате да планирате одмор, вашите лични цели, лансирање производ или обидите за тимска соработка, ќе добиете целосен преглед на сè што вие и вашиот тим треба да постигнете со користење на функцијата календар на Tафома.

Popular Posts