banner
banner

Што е Tafoma и како може да ви помогне да ги поедноставите вашите деловни процеси

Управувањето со проекти помеѓу тимови, без разлика дали се големи или мали, никогаш не е лесна задача. Работите можат брзо да станат неефикасни и неефективни, а понекогаш да ве чинат вас и вашиот тим, цел проект. Тоа е моментот кога алатките за управување со проекти настапуваат.

Компаниите веќе некое време користат различни алатки за управување со проекти, воглавно затоа што тоа им помага да ги извршуваат задачите на многу поефикасен начин.

Како што рековме, има многу алатки за управување со проекти, а понекогаш дури и изборот на најдобрата алатка може да биде вистинска мака. А да не ги спомнуваме проблемите низ кои поминува тимот кога користи повеќе алатки одеднаш. Работите се губат, лозинките се забораваат, роковите се пропуштаат... Го знаеме сето ова затоа што сме поминале низ  него.

Имајќи го ова на ум, ја создадовме Tafoma.

Што е Tafoma?

Tafoma е најсеопфатната апликација за колаборација, со пионерски пристап кон тимската соработка. Тоа ви овозможува вам и на вашиот тим да заштедите време со тоа што нема да морате да менувате повеќе дополнителни апликации и алатки.

Тоа е апликација која има многу функционалности и може да се користи на многу, многу различни начини кои помагаат да се зголеми ефикасноста и продуктивноста на вашиот тим.

Полесен начин на менаџирање со вашите задачи и проекти

Можете да ја користите Tafoma за да го следите прогресот на задачата со поставување на почетен и краен датум. Можете да поставите ниво на приоритет и процент на реализација, а во рамките на секој проект, можете да креирате прозорец за разговор, за поефикасна внатрешна и надворешна комуникација со членовите на тимот, како и да додавате нови членови доколку е потребно.

Можете да прикачувате релевантни документи, да ги следите трошоците и да го следите потребното време, што ќе ви помогне да ги зголемите нивоата на продуктивност на вашиот тим. Дополнително, можете да поставите неограничен број потсетници и да направите список со задачи кои треба да ги завршите. Сето ова ќе ви овозможи детален преглед на секоја задача и ќе ја олесни соработката помеѓу членовите од вашиот тим.

Интуитивен и лесен за користење

Знаеме дека запознавањето со интерфејсот на одредена апликација понекогаш може да биде предизвик и може да ве чини драгоцено време.

Успеавме да ги имплементираме сите функционалности што ви се потребни со цел да ви го направиме секој ден полесен, a сепак успеавме да ја направиме апликацијата лесна за користење.

Tafoma има многу интуитивен и лесен интерфејс кој ви овозможува вам и на вашиот тим лесно и брзо да се запознаете со апликацијата.

Пробајте го бесплатно

Има една изрека која вели: „Подобро е да пробаш нешто еднаш отколку да слушнеш за тоа илјада пати“. Затоа ви овозможуваме бесплатно да ја пробате Tafoma и да се уверите дали му одговара на вашиот тим или организација.

Откако ќе видите сами колку е одлична апликацијата, можете да ја надградите во секое време. А она што е уште подобро, е тоа што можеме да ви дадеме 30 дена гаранција за враќање на парите доколку одлучите да ја откажете услугата 🙂

<img src="https://i.ibb.co/Vqk0BCF/Screen-Shot-2020-12-07-at-8-03-51-PM.png" alt="Pioneering new ways for team collaboration.">

Popular Posts